More

    Од Бајконур денеска ќе полетаат руските космонаути

    spot_img

    Тројца космонаути од космодромот Бајконур во Казахстан денеска треба да полетаат кон Меѓународната вселенска станица (МВС) , во услови на сериозно нарушени односи меѓу Русија и САД поради војната во Украина, пренесе ДПА.

    Олег Артемјев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков се екипажот на руската ракета „Сојуз МС-21“ кои ќе отпатуваат за МВС. Тоа е прв пат после многу години екипаж составен само од Руси да полета кон МВС каде во моментов се наоѓаат седум космонаути, од кои двајца Руси, Германец и четворица Американци.

    Вселенската соработката меѓу САД и Русија е речиси целосно прекината поради санкциите што беа воведени против Москва заради воената интервенција во Украина.

    Русија како одговор на казнените мерки престана да испорачува ракетни мотори за САД, а ја прекина и соработката со германскиот Национален центар за аеронаутика.

    Руската вселенска агенција „Роскосмос“ ја доведе во прашање иднината на Меѓународната вселенска станица после истекот на договорот во 2024 година. Плановите на НАСА беа станицата да биде оперативна најмалку до 2030 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img