More

    Одобрена нова помош за Украина

    spot_img

    Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри над 40 милијарди долари помош за Украина, јавија странски медиуми.

    Предлог законот за украинска помош е усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“.

    Сега предлог законот е во рацете на Сенатот, каде се очекува брза реакција, за потоа да се најде пред претседателот Џо Бајден, кој, би требало, да го потпише.

    Бајден пред две недели побара од Конгресот да одобри дополнителни 33 милијарди долари помош за Украина. Пратениците одлучија да се зголеми военото и хуманитарното финансирање.

    – Овој закон ќе ја заштити демократијата, ќе ја ограничи руската агресија и ќе ја засили нашата сопствена национална безбедност, а истовремено, што е и најважно, ќе ја поддржи Украина – изјави демократската претставничка Роза Де Лауро.

    Бајден упати повик до Конгресот да ја забрза процедурата, со цел да може да го потпише законот.

    Некои републиканци се спротивставија на законот, ги критикуваа демократите што пребрзо праќаат премногу долари од даночните обврзници во странство.

    Украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова апелираше за помош и до демократските и до републиканските сенатори за време на нивните состаноци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img