More

    Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија

    spot_img

    Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија, во кампот на муџахедините во близина на Драч. Самитот е одложен по предупредувањата на Амбасадата на САД дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците.

    „Самитот се одлага до следно известување во согласност со препораките на албанската Влада, поради безбедносни причини и поради терористички закани“, се наведува во соопштението од кампот „Ашраф3“ во местото Матзе кај Драч.

    Претходно Американската амбасада предупреди дека владата на САД има сознанија за потенцијална закана насочена кон Светскиот самит на Слободен Иран. Исто така ги повика своите граѓани да го избегнуваат овој настан, да ги следат локалните медиуми и да бидат свесни за нивната околина.

    Во кампот на иранските муџахедини, припадници на МЕК, во Манза, кај Драч, на околу 30 километри од Тирана, сместени се  најмалку 3.000 муџахедини.

    Муџахедините се сметаат за терористичка група од страна на Исламската Република Иран и со децении се во отворен конфликт со тамошниот режим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img