More

    Одбраната на Груевски бара ослободување

    spot_img

    Поранешниот министер Миле Јанакиески е ослободен од обвинение за „ТНТ“, предмет кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ откако обвинителот Бурим Рустеми се откажа од тој дел на обвинението поради немање докази. Рустеми побара другите обвинети во овој случај да бидат казнети со затворски казни.

    Во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета, изјави денеска во завршен збор за случајот „ТНТ“, јавниот обвинител Бурим Рустеми.

    Во координација со останатите обвинети Миле Јанакиески и Тони Трајковски, Рустеми рече, дека Груевски успеал во својата намера.

    – Обвинетиот Тони Трајковски се согласил и го прифатил планот за одмазда. Од изнесените докази во постапката јасно се покажа дека одлуката за уривање на објектот ја донел Никола Груевски – изјави Рустеми.

    Според него, значајно е што Миле Јанакиески во својот завршен збор ја потврдил автентичноста на телефонските разговори и комуникација, што пак претставува олеснителна околност за него во случајот.

    Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон.

    – Во однос на обвинетиот Миле Јанакиески, кој на некој начин се извини сметам дека судот треба да ја цени оваа олеснителна околност. Како отежнителни околности, судот да го цени тоа што обвинетите делото го сториле од политички побуди и тоа што не изразија каење за делото. Сметам дека судот треба да изрече ефективна казна затвор за обвинетите – изјави Рустеми.

    На почетокот, обвинителот Рустеми, во завршен збор изврши прецизирање на обвинението и се откажа од еден став од обвинението за „злоупотреба на службена должност против обвинетиот Миле Јанакиески, како и на висината на штетата од уривањето на комплексот, што според вештачењата се проценува на 654 милиони денари.

    Законот за кривична постапка, според адвокатот Дончо Наков не предвидува прецизирање на обвинителен акт.

    – Според одбраната се работи за целосна измена на обвинителен акт и барам да ми се достави копија од записник бидејќи постои според мене измена и за да можам да го дадам својот завршен збор – изјави Наков.

    Бранителот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски, во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот.

    – Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудио снимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение – изјави бранителот по службена должност на Груевски.

    Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

    За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img