More

    Огнен Здравковски ја објави неговата нова песна „Душа“!

    spot_img

    „Душа“ е насловот на најновото музичко издание на познатиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина.

    За ова ново музичко остварување Огнен ја избра една од најдобрата екипа во моментов на овие простори.

    Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со скоро сите српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека пак текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која познатиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ.

    Како што кажавме, екранизацијата за оваа прекрасна балада се одвиваше во Белград, а како режисер се потпишува македонскиот режисер Зоран Зонде Стојановски.

    Покрај Огнен, во спотот се појавува и преубавата српска манекенка Невена Гичевиќ, која важи за една од најубавите девојки во Србија. Се снимаше на повеќе локации во Белград, а дел од видеоспотот е снимен во познатиот ресторан „Ритуал“, чиј сопственик е музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ, кој пак е многу близок пријател со нашиот Огнен.

    “Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне“ – вели Здравковски.

    Инаку песната и видеото вчера беа премиерно објавени на јутјуб-каналот на „Гранд“, а во наредниот период таа ќе биде и лично промовирана од Огнен во емисиите на оваа позната продукција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img