More

    Овие шест работи мора да ги знаете пред да почнете да земате магнезиум!

    spot_img

    Магнезиумот е многу добар чистач на цревата. Како што го вариме, тој ја привлекува течноста во цревата, што значи дека стомачните мускули се опуштаат, а цревата може полесно да се испразнат. Освен што помага во работата на цревата, магнезиумот е клучен за многу витални процеси во нашето тело. Со него срцето чука со поправилен ритам, мускулите подобро функционираат и помалку се грчат (што овозможува подобри спортски резултати), полесно се справуваме со стресот, ја ублажуваме главоболката, спречува настинки и ја намалува штетноста од пушењето. Многу хранливи материи се неопходни за здрави коски на децата, а еден од нив е магнезиумот. Калциумот е важен, но не и поважен од магнезиумот.

    Покрај тоа што зголемениот внес на магнезиумот, есенцијален минерал којшто се наоѓа во темнолиснатиот зеленчук, може да помогне во одбраната против губењето на меморијата поврзана со старосната доба, туку може да ве заштити и од мозочен удар. До овој заклучок дојдоа шведските истражувачи од Институтот Каролинска.

    Магнезиумот побарајте го во зелениот лиснат зеленчук, целита зрна житарки, кафеав (интегрален) ориз, млечните производи, семките, месо, морска плодови и рибата.

    Иако се наоѓа во многу намирници, има многу луѓе кои можат да страдаат од недостаток на магнезиум, а во ризичната група се луѓето над 70 години и младите девојки.

    Пред да купите додаток на магнезиум, некои работи што треба да ги знаете.

    1. КОЛКУ МАГНЕЗИУМ НИ Е ПОТРЕБЕН?

    Овој минерал природно се наоѓа во коските, мускулите и клетките, а потребно ни е од 310 до 420 милиграми магнезиум дневно.

    2. ЗОШТО ДА СЕ ЗЕМАТЕ ДОДАТОЦИ (СУПЛЕМЕНТИ)?

    „Станува збор за клучен електролит кој му е потребен на телото и кој влијае на речиси сите функции во организмот. Ги активира ензимите кои го контролираат варењето, апсорпцијата на протеини, мастите и јаглехидратите“, објасни д-р Каролин Дин, нутриционистка и авторка на книгата „Чудото на магнезиумот“.

    Можеме да го внесеме преку храната, но многумина, сепак, ќе изберат додатоци (суплементи) за да обезбедат доволен дневен внес на овој минерал. Постојат и групи на луѓе кои се во ризичната група од недостаток на магнезиумот, а меѓу другото, тоа се однесува и на оние кои имаат болести на желудникот, дијабетес или се зависни од алкохол.

    3. КАКОВ СУПЛЕМЕНТ ТРЕБА ДА НАБАВИТЕ?

    Не се сите направени еднакви и некои полесно се варат во организмот. Доктор Дин посочува дека е потребно да се бараат оние производи кои добро се апсорбираат и раствораат во вода.

    Поновите верзии на додатоци се малку поскапи, но се смета дека најдобро се апсорбираат и не предизвикуваат непријатност во стомакот. Д-р Дин претпочита прашок од магнезиум цитрат, кој е достапен и евтин и лесно се консумира.

    4. КАКО ДА СЕ ЗЕМА ДОДАТОК НА МАГНЕЗИУМОТ?

    За најдобри резултати, треба да се зема со храна бидејќи на тој начин подобро ќе се апсорбира и ќе ги намали шансите за појава на несакани ефекти, како што се болки во стомакот. Нутриционистите велат дека некои студии советуваат суплементот да го земате навечер бидејќи ќе помогне да се релаксираат мускулите и да се поттикне добар сон.

    5. ДАЛИ МОЖЕТЕ ДА СЕ ПРЕДОЗИРАТЕ СО МАГНЕЗИУМ?

    Во разумни дози, суплементите се безбедни за секого, а предозирањето со магнезиум е ретко, но симптомите често се исти: дијареја (пролив) и болка во стомакот. Меѓутоа, ако земате повеќе од 5.000 мг магнезиум дневно, тој може да биде токсичен и да доведе до фатален исход без лекување.

    Луѓето кои имаат проблеми со срцето или бубрезите треба да разговараат со својот лекар пред употреба.

    6. ДАЛИ СМЕЕ ДА СЕ ЗЕМА МАГНЕЗИУМ ВО КОМБИНАЦИЈА СО ДРУГИ ЛЕКОВИ?

    Бидете внимателни бидејќи тој може да се вмеша во апсорпцијата на другите минерали. Ако земате калциум или цинк, магнезиумот користите го во други периоди од денот. Магнезиумот може да си поигра и со апсорпцијата на одредени лекови, како што се оние кои ја разредуваат крвта, таблетите за дијабетес и диуретиците. Секако пред употреба треба да разговарате со вашиот лекар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img