More

    Овие симптоми укажуваат на слаба циркулација

    spot_img

    Овие симптоми укажуваат на слаба циркулација
    Лошата циркулација е најчестиот здравствен проблем кој доколку не се лекува може да доведе до срцев и мозочен удар.

    Отечени нозе и стопала
    Доколку на кожата има видливи траги од чорапи или чевли, тоа е знак, според експертите, за рана венска инсуфициенција, односно слабеење на протокот на крв, пишува Eatthis.com.

    Диуретиците, посочуваат, не го решаваат овој проблем, но најдобро е да носите медицински компресивни чорапи, да ги подигнете стапалата и да ослабнете доколку е потребно.

    Промена на бојата на кожата на стапалата
    Темно сината боја на стапалата е знак за долгорочна слаба венска циркулација. Овие промени на кожата, како што објаснуваат експертите, се оксидирано железо од хемоглобинот во крвта што останало во екстремитетите без да се врати во горниот дел од телото. Доколку ги забележите овие промени, треба да посетите лекар, советуваат тие.

    Вкочанетост во нозете или стапалата
    Вкочанетост, пецкање, студенило и бледа кожа се знаци на слаба циркулација. Сепак, постојат лекови кои можат да помогнат при слаба артериска циркулација во нозете.

    Болка во тело при одење
    Болката во телето е симптом на многу слаба циркулација во нозете и веднаш треба да се обратите на лекар. Овој тип на болка е многу интензивна и не е слична на болката во мускулите поради напор. Болката престанува при одмарање бидејќи на мускулите не им треба повеќе крв отколку при одење.

    Ладни и бледи прсти
    Проблемите со циркулацијата во горните екстремитети се јавуваат поретко бидејќи рацете се поблиску до срцето. Станува збор за Рејноовиот синдром, кој често се поврзува со автоимуни состојби како лупус или ревматоиден артритис. Експертите препорачуваат преглед на автоимуни состојби и посета на ревматолог.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img