More

    Ова се 10-те најдобри градови во светот

    spot_img

    Во истражувањето познато како Time Out Index, Time Out бара од своите глобални уредници секоја година, како и од околу 20.000 жители од различни градови низ светот, да дефинираат што го прави нивниот град фантастично место за живеење.

    Time Out ги користи добиените податоци за да направи листа на најдобрите градови во светот.

    Годинава првото место го зазеде Единбург и тоа не само поради тоа што градот нуди поглед на заспаниот вулкан, моќен замок на рид или архитектура стара со векови. Има и живи уметнички фестивали и динамична сцена со храна, а жителите ја пофалија неговата топла, пријателска атмосфера и пешачките зони, пишува CNN.

    И додека минатогодишниот список ги пофали градовите кои покажаа заедништво за време на пандемијата, оваа година Time Out сакаше да го истакне сето она што ни недостасуваше во претходните неколку години. Тие ја проучувале гастрономската сцена, ноќниот живот, баровите и музеите.

    Списокот има за цел да биде „најдобрата листа на места за посета оваа година“, изјави Ху Оливер од Time Out за CNN. „Сите овие се места кои даваат голема инспирација за патување и пробување нови работи.

    По Единбург, Чикаго доаѓа на листата со својата жива ноќна сцена, но и издржливоста што ја покажа за време на пандемијата. Трет на листата, Меделин, Колумбија, може да се пофали со ноќен живот, бутик хотели и фантастична храна.

    За четвртото место повторно се враќаме во Шкотска, овој пат во Глазгов, кој се издвојува по разновидните ресторани и пријателската атмосфера.

    Целата ранг листа можете да ја видите овде и да ги погледнете првите 10 од листата на најдобри градови на Time Out подолу:

    1. Единбург, Шкотска

    2. Чикаго, САД

    3. Меделин, Колумбија

    4. Глазгов, Шкотска

    5. Амстердам, Холандија

    6. Прага, Чешка

    7. Маракеш, Мароко

    8. Берлин, Германија

    9. Монтреал, Канада

    10. Копенхаген, Данска

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img