More

    Ова е список на сите компании што ја напуштиле Русија

    spot_img

    Откако западните земји воведоа санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, голем број компании решија да ја напуштат Русија.Русија се обидува да го запре егзодусот на странски компании, но земјите ширум светот воведуваат нови санкции, а голем број компании веќе го прекинаа своето работење во Русија. Си-Ен-Ен објави листа на сите компании кои ја напуштиле Русија.

    Автомобилската индустрија
    Форд – Во вторникот објавија дека ги прекинуваат сите нивни операции во Русија бидејќи се длабоко загрижени за ситуацијата во Украина.

    Џенерал Моторс – Компанијата ќе престане да извезува во Русија „до понатамошно известување“.

    Тојота – Во четвртокот објавија дека ќе престанат да произведуваат автомобили во Русија или да ги увезуваат во земјата „до понатамошно известување, поради прекини во синџирот на снабдување“.

    Фолксваген – Компанијата исто така го запира производството на возила во Русија и ќе го прекине извозот на рускиот пазар.

    Авијација
    Боинг – Компанијата соопшти дека го прекинува одржувањето и обезбедува техничка поддршка за руските авиокомпании. Тие изјавија и дека привремено ја затвораат канцеларијата во Москва.

    Ербас – Во средата објавија дека преземаат слични потези како Боинг и дека ќе ја прекинат испораката на резервни делови во Русија.

    Големи технолошки компании
    Apple – Компанијата објави дека се „длабоко загрижени“ за руската инвазија и дека ќе престанат да ги продаваат своите производи во Русија.

    Фејсбук – Чадор-компанијата Мета објави дека ќе го блокира пристапот до руските медиуми РТ и Спутник во Европската унија (ЕУ).

    Твитер – Тие најавија планови за намалување на „видливоста на руските државни медиумски содржини“.

    Нетфликс – Компанијата објави дека одбиваат да емитуваат руски државни ТВ канали во земјата, „поради ситуацијата“ во Украина.

    Spotify – Канцелариите на компанијата во Русија се затворени, а емитувањата „во сопственост и управувани од руски државни медиуми“ се ограничени. Од платформата е отстранета содржината на руските медиуми РТ и Спутник во Европа и другите региони.

    Roku – Компанија која продава хардвер кој им овозможува на корисниците да проследуваат содржина преку Интернет, го забрани RT ширум светот.

    YouTube – И оваа платформа ги блокираше руските државни медиуми во Украина. Гугл и Јутјуб, исто така, рекоа дека повеќе нема да дозволуваат руските државни медиуми да објавуваат реклами или да собираат средства за нивната содржина.

    Airbnb’s – Ко-основачот во четвртокот објави дека компанијата ги суспендира сите свои операции во Русија и Белорусија.

    Енергетика
    БП – Во неделата ги објавија плановите да се откажат од својот удел од 19,75 отсто во најголемата руска нафтена компанија Роснефт.

    Equinor – Компанијата исто така ќе ги напушти сите заеднички вложувања во Русија, беше објавено во понеделникот. „Ние сме многу загрижени и згрозени од инвазијата на Украина“, рекоа тие.

    Ексон – Оваа компанија вети дека ќе го остави последниот преостанат проект за нафта и гас во Русија и нема да инвестира во нови проекти во земјата.

    Шел – И оваа компанија ја напушта Русија, откажувајќи се од заеднички инвестиции со Гаспром.

    TotalEnergies – Во вторникот тие ги осудија постапките на Русија и рекоа дека повеќе нема да обезбедуваат капитал за нови проекти во земјата.

    Финансиски сектор
    Mastercard – Американската компанија за картички Mastercard објави дека неколку финансиски институции го блокирале пристапот до нивната платежна мрежа како дел од санкциите против Русија поради инвазијата на Украина.

    Виза – Компанијата објави дека презема мерки за усогласување на своето работење со санкциите против Русија, најавувајќи дека ќе ги почитува и евентуалните нови казнени мерки.

    Медиуми
    Дизни – Компанијата го прекинува прикажувањето на своите филмови во Русија, наведувајќи ја како причина „неиспровоцирана инвазија на Украина“.

    ДирекТВ – Ги прекинаа врските со РТ, проруска телевизиска мрежа.

    ВорнерМедиа – Престанаа да го прикажуваат филмот „Бетмен“ во Русија.

    Малопродажба
    H&M – Привремено ја прекинаа продажбата во Русија, наведувајќи ја „длабоката загриженост поради трагичните настани во Украина“.

    Икеа – Компанијата затвори продавници и набавуваше од Русија, но и Белорусија, сојузникот на Русија. Икеа имаше 17 свои продавници во Русија, наведувајќи дека оваа деловна одлука директно влијае на околу 15.000 вработени.

    Испорака, Maersk и MSC Mediteranean Shipping Company – Најавено е да ги прекинат резервациите на карго со Русија. „Длабоко сме загрижени поради ескалацијата во Украина“; објавија тие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img