More

    Ова е најлошиот пијалок за здравјето, а го забрзува и стареењето. Останете подалеку од него

    spot_img

    Доколку сакате да останете млади што подолго, тогаш не треба да консумирате слатки газирани пијалоци, бидејќи кога станува збор за стареење, овој вид на пијалок е најлош.Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на газирани сокови доведува до зголемен ризик од дијабетес, зголемување на телесната тежина и срцеви заболувања. Затоа во голема мера придонесуваат за лошо здравје, но и за побрзо стареење, пишува Eatthis.

    Пиењето една или повеќе газирани сокови дневно е поврзано со кардиоваскуларни болести и ризик од мозочен удар, покажа едно истражување.

    Промени во клетките
    Газираните сокови може да предизвикаат и предвремено стареење на клеточно ниво. Научниците откриле дека луѓето кои пиеле повеќе зашеќерени газирани сокови имале пократки делови од ДНК на крајот од хромозомите во нивните бели крвни зрнца.

    Скратените теломери во белите крвни зрнца се поврзани со намалена долговечност и зголемен ризик од хронични болести.

    Дигестивни проблеми
    Потрошувачката на зашеќерени газирани пијалаци е поврзана со промени во цревните бактерии и цревната микрофлора, воспаление и оксидативен стрес, а сето тоа е поврзано со предвремено стареење.

    Затоа, експертите советуваат газираните сокови дефинитивно да ги замените со поздрави пијалоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img