More

    Оваа фотографија од Макрон и Путин започна лавина од потсмев

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин синоќа во Москва се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.

    Фотографиите од нивната средба го обиколија светот, а една особено привлече внимание, па стана предмет на шеги и потсмев на Твитер.

    – Почитуван господине претседателе, драг Емануел, многу ми е мило што те видов – му рекол Путин на Макрон на почетокот на протоколарниот дел од разговорот. Двајцата лидери седеа во огромна сала на тркалезна маса еден спроти друг.

    Оваа фотографија стана предмет на потсмев на Твитер. Корисниците на социјалните мрежи ја споделија со различни коментари и монтажи.

    На една монтажа се гледа црна мачка зад Путин и бела мачка зад Макрон. Потоа на втора се прикажани актерите на „Тајната вечера“ како седат меѓу двајцата лидери.

    Третата монтажа ги прикажува Макрон и Путин како гледаат стриптиз настап.

     

     

    Некој се нашол, па од оваа фотографија направил видео на кое се гледа дека изгледа како Путин и Макрон да се лулаат на масата.

    На следната монтажа беше направено да личи на Џо Бајден, американскиот претседател, кој седи меѓу нив двајца и јаде сладолед.

     

     

    Во една од хумористичните монтажи се прикажани двајцата лидери со огромни мегафони, што е упатување на фактот дека седеле далеку еден од друг дека „можеби не слушнале што зборува другиот“.

     

     

    Корисниците на социјалните мрежи напишаа бројни коментари над фотографијата, како „Можеш ли да ме додадеш сол“, „Врска на далечина“, „Најдобри пријатели“ ….

     

     

    Лидерите беа прикажани и како играат тенис со опис на „кога ќе се изгаснат камерите“.

     

     

    Се разбира, неизбежно беше кога на масата со Путин и Макрон беше додаден Берни Сандерс, американски политичар.

    Корисникот на Твитер ја искористи легендарната фотографија на Берни од инаугурацијата на Бајден, каде што тој седи во зимска јакна со пердуви со маска на лицето и волнени ракавици.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img