More

    Оваа земја се бори со нов бран омикрони, забележан е рекорден број на смртни случаи

    spot_img

    Австралија забележа еден од највисоките дневни жртви во четвртокот, со хоспитализации блиску до рекордно ниво додека властите се борат со високо заразниот вид омикрон.

    Омикронските подваријанти BA.4/5 успешно ја избегнуваат заштитата од вакцини или претходна инфекција и се двигател на глобалното зголемување на бројот на заразени лица.

    Австралија бележи рекорден број на смртни случаи во последните денови. Во четвртокот се регистрирани 89 смртни случаи, а во средата 90.

    Повеќе од 55.000 нови случаи беа потврдени во четвртокот, што е најголем број од 18 мај.

    Премиерот Ентони Албанес рече дека државните водачи и федералните здравствени службеници не препорачале маските да бидат задолжителни во затворени простории, и покрај повиците од некои лекари да го сторат тоа.

    Австралија воведе ригорозни рестриктивни мерки во претходните бранови, но јавноста повеќе не поддржува таков пристап.

    „Нема смисла да се воведе обврска (да се носат маски) доколку таа не се спроведе“, изјави Албанезе за радиото ABC.

    Тој исто така рече дека здравствените власти треба да го земат предвид влијанието на строгите ограничувања врз менталното здравје.

    Бројот на хоспитализирани лица е блиску до максимумот во јануари.

    Во австралиските болници има околу 5.350 пациенти со Ковид-19.

    Властите ги повикаа компаниите да им дозволат на работниците да работат од дома и препорачаа жителите да добијат т.н бустер доза.

    71 отсто од Австралијците ја примиле таа доза, а 95 отсто од жителите постари од 16 години примиле најмалку две дози од вакцината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img