More

    Оваа есен и потопло и посушно од вообичаеното

    spot_img

    Силното невреме кое го зафати Скопје пред два дена, а во текот на минатата недела слична состојба имаше и во повеќе наши градови, ги загрижи граѓаните каква есен ќе имаме пред нас, бидејќи во овој период вообичаено се зголемени врнежите на дожд.

    Плусинфо побара одговори од Управата за хидрометеоролошки работи, од каде што велат дека оваа есен се очекуваат просечни температури на воздухот и сушна сезона, со врнежи под просекот.

    – Феноменот Ла Ниња вообичаено носи поле на висок притисок во Атлантскиот Океан, што нема да дозволи големи варијации на температурите на воздухот. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува есенските температури да бидат малку повисоки од просечните. За територијата на Република Северна Македонија постои поголема веројатност за мало позитивно отстапување на температурите на воздухот – велат од УХРМ.

    Оттаму додаваат дека не се исклучува можноста до крајот на септември да имаме продолжеток на летото, потопол период и постепено заладување во октомври и во ноември. Поради Ла Ниња можна е појава на студени бранови во доцната есен.

    – Сѐ пореални се очекувањата дека во есента ќе продолжи трендот на негативни отстапувања во однос на просечните количини на врнежи, како што беше и досега. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има сушна есен и потпросечна количина на врнежи. Во Република Северна Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во октомври – посочуваат од Управата.

    Просечна есенска температура на воздухот (септември-октомври-ноември) во период 1981-2010 година се движи во граници од околу 8,0°C во планинските предели до 16,9°C измерена во Гевгелија, додека просечните есенски суми на врнежи се од 127,0 mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6 mm во Лазарополе.

    – Сезонскиот изглед на времето е научен пристап кој овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи – велат од УХРМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img