More

    Објавен дневникот на Ричард Бартон за престојот во Југославија

    spot_img

    Познатата холивудска двојка Ричард Бартон и Елизабет Тејлор при крајот на јули во далечната 1971 година пристигнале во Југославија за да може Бартон да се подготви за улогата во фимот „Битката на Сутјеска“, каде тој го игра Маршалот. Своето дружење со Тито и Јованка Бартон го опишал во своите дневници, кои до крајот на овој месец ќе ги промовира издавачката куќа „Јеил Јуниврсити прес“.

    Тито и „Мадам Броз“, како што ја нарекува Ричард Бартон Јованка во дневникот, ги угостиле славните актери во својата вила на Бриони. Пред да се запознае со Тито, на 21 јули, Бартон во својот сневник запишал:

    „Поголемиот дел од денот го поминав со југословените во разговор за филмот за Тито. Изнаслушав многу фасцинантни приказни за комунизмот, за Русија, но најмногу за Тито. На негов повик одиме да го посетиме на 28, па би требало да биде многу интересно, во најмала рака“.

    За патувањето до таму Бартон напишал:

    Пристигнавме со „мерцедес бенц“ до и низ Пула, каде не чекаше брод. Маса фотографи и новинари и луѓе од телевизии нè чекаа на аеродромот. Вообичаени прашања, Kакво е чувството да се глуми толку голем човек? Колку знаете за Тито? Ни дадоа вила веднаш во таа на Тито“.

    Кога Бартон и Тејлор пристигнале на Бриони, напишал познатиот актер, ги дочекала „крупна жена со многу селски изглед“ и малечок маж со голем стомак“.

    „Таа беше шармантна и имаше разорна насмевка, а нему, поради темните наочари не можев да му ги видам очите. Ме изненади колку таа е крупна, а тој малечок и нежен, и освен во стомакот, ситен. Чекорите му се кратки, а раката која ми ја пружи при поздравување, малечка“ – напишал Бартон за првата средба со Тито и Јованка. Сè на сè, според неговиот дневник, Тито и Мадам Броз не го импресионирале многу.

    Иако историјата зборува за Тито како за човек кој имал одлични манири во средбите со луѓе од светската политика и од светот на шоу бизнисот, на Бартон му се видел здодевен. Од друга страна, Елизабет Тејлор била импресионирана од југословенскиот претседател.

    Така на 1 август Бартон напишал:

    „Долг но пријатен ден, кој целиот, освен попладневната дремка, го поминав со Тито. На претседателот и неговата супруга им подаривме „Ван Клиф и Арпле“ (Van Cleef & Arpels), парче пирит со часовник во него. Кога Тото ме праша што мислам за сценариото, му реков дека мислам дека тој во него е премалку застапен, дека улогата е премала и дека треба да го има повеќе. Се согласи, а тоа му се допадна и на режисерот. Така што веројатно ќе имам нешто повеќе и подобро да работам, отколку само да стојам и да изгледам како многу важен човек.“

    Од друга страна, Бартон бил импресиониран од раскошот во кој живееле претседателот и неговата сопруга.

    „Малку не изнервира таа нервоза со која не послужуваше персоналот. Тито и Јованка живеат во неверојатен луксуз, кој не може да се спореди со ништо што сум видел дотогаш. После ручекот, јас и претседателот долго разговаравме за војната, особено за битката на Сутјеска. Го прашав дали го сака Сталин. Долго чекаше пред да одговори, и на крајот рече дека му се допаѓа, односно му се восхитува како на политичар, но како човек не го сака“ – пишува актерот.

    Бартон бил импресиониран од околината на Бриони, и од шармот на Јадранот, откако бил прошетан со личната јахта на Тито.

    Убави градчиња и стотини нови хотели. Плажите, главно каменити, беа преполни со туристи. Ми велат, годишно во просек заработуваат по 30 милиони долари. Речиси сите ѝ мафтаа на претседателката јахта, а тој им возвраќаше. Претседателот со гордост ми рече дека неговиот брег е најдобро бранет во Европа, и дека под сите тие острова преполни со пештери, се кријат митраљези, подморници и топови. Повремено нив двогледот здогледував по некој морнар на стража на некој оддалечен брег, како вкочането поздравува во став мирно“.

     

    Задолжителни биле и прошетките на кои му биле покажани бројните подароци што двојката Броз ги добивама од сите страни на светот.

    Ручавме на островцето свртено кон Бриони, не без мачното разгледување на куќите и имотот. „Ова е од Индонезија, од самиот Сукарно..“ „Ова е рачна изработка од македонскиот народ“ Ова е од Судан“..

    На Бартон особено преку глава му дошле новинарите и долгите приказни.

    Во 9 и 30 го видов тој од прес службата, кој ми постави многу прашања за тоа зошто ја работам оваа улога. По којзнае кој пат напамет повторив.. „Прекрасен човек“, „Сјајна прилика“.. „Сакам да ја задоволам правдата“. Всушност, се надевав дека тие ќе ја задоволат правдата кон мене. Да не е заправо Елизабет толку воодушевена, би дал се од себе да го прекинам сето ова и да побегнам – толку голем напор е да се истрпи сета оваа здодевност – посебно тие бескрајни преведувани разговори. И Тито и Мадам Броз раскажуваат долги приказни, во кои не допуштаат преведувачите да ги прекинат, на кога последниот ќе заврши, на човека му станува сеедно за што зборуваат“ – пишува славниот холивидски актер Ричард Бартон во својот дневник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img