More

    Објавени се документите за аплицирање на страната на ЕСМ

    spot_img

    ЕСМ ги објави процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта.

    Според Одлуката на владата новите потрошувачи кои треба да добиваат струја од ЕСМ се поделени во три групи.

    Во првата група се физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност-главна приходна шифра (само за потрошувачката на броилата за електрична енергија за извршување на приоритетната дејност). Тие струјата ќе ја плаќаат по цена од  80 евра /MWh.

    Во оваа група спаѓаат:

    – 01.47 oдгледување на живина

    – 10.11 преработка и конзервирање на месо

    – 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо

    – 10.13 производство на животинско и живинско месо

    – 10.41 производство на масла и масти

    – 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи

    – 10.61 производство на мелнички производи

    – 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и

    – 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец) во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија

    Во втората категорија се  јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици. Тие струјата ќе ја плаќаат по цена од 95 евра /MWh

    Во третата група спаѓаат основни и средни јавни училишта кои струјата ќе ја плаќаат по цена од  95 евра /MWh.

    За снабдување од 01.12.2022, поради мрежните правила на ЕВН Електродиструбија за промена на снабдувач комплетните документи потребно е да се поднесат до 10.11.2022 година, додека за субјектите кои се на снабдувач во краен случај, рокот е 20.11.2022 година.

    Снабдувањето на овие потрошувачи АД ЕСМ ќе го прави преку ЕСМ Продажба до 30.4.2023 година.

    Документите веќе се поставени на официјалната страна на АД ЕСМ од каде засегнатите субјекти ќе можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните меил адреси кои се наведени во упатствата, како и во архивата на АД ЕСМ.

    Од ЕСМ соопштија дека овие категории потрошувачи кои ќе сакаат да се префрлат на снабдување со електрична енергија од ЕСМ Продажба ќе треба да ги регулираат своите односи со нивните сегашни или досегашни снабдувачи, и АД ЕСМ тука нема никаква надлежност, вклученост и одговорност, односно тоа е однос меѓу трети страни.

    Сите документи се веќе поставени на официјалната страница на АД ЕСМ, дадени се точни листи на потребни документи и точни упатства како да се постапи. Документите се поставени на следниот линк: https://www.esm.com.mk/?p=14637

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img