More

    ОБСЕ Тројката Османи – Рау – Линде на состанок во Њујорк

    spot_img

    Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Полска и Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

    Соговорниците разменија мислења за улогата на ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина и го повторија својот повик до Руската Федерација да ја прекине агресијата, да ги повлече своите сили од Украина и да се усогласи со принципите на ОБСЕ. Случувањата меѓу Ерменија и Азербејџан исто така беа во фокусот на средбата. Министрите и генералниот секретар на Тројката разговараа за можностите за посилно вклучување на ОБСЕ во областа.

    Соговорниците се осврнаа и на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, барајќи од страните да го почитуваат прекинот на огнот и да ја стабилизираат ситуацијата со дипломатски решенија.

    Имајќи ја предвид ефикасноста на Организацијата, на средбата се истакна и потребата од усвојување на буџетот на ОБСЕ. Воедно, на средбата беа поздравени приоритетите на претстојното претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија, фокусирани на заштита на принципите и заложбите на ОБСЕ.

    Министерот Османи ја реафирмира поддршката на актуелниот претседавач и Генералната секретарка на ОБСЕ во справувањето со моменталните предизвици и ја истакна важноста на употребата на искуството и ресурсите на ОБСЕ како алатка во процесот на барање на одржливи решенија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img