More

    Обединетите нации немале капацитет за да им помогнат

    spot_img

    ОН немаат доволно капацитет да бараат и спасуваат луѓе по разорниот земјотрес во Авганистан, а Турција е во најдобра позиција да ги обезбеди, изјави денеска заменик-претставникот на ОН за Авганистан, Рамиз Алакбаров.

    – Разговаравме за тоа со турската амбасада овде на терен и тие чекаат да им испратиме формално барање – рече Алакбаров.

    Тој додаде дека ОН ќе можат да испратат такво барање до Турција само по разговори со локалните власти и кога ќе се утврдат вистинските околности на теренот.

    Во силниот земјотрес што синоќа го погоди руралниот, планински регион во источен Авганистан во близина на пакистанската граница, според претходните податоци, како што објавија локалните власти, загинале најмалку 1.000 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img