More

    Обвинетите во „Титаник 2“ повторно осудени со истите докази

    spot_img

    На повтореното судење за предметот „Титаник 2“ Кривичниот суд донесе осудителни пресуди. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, како и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ добија по две години затвор за изборни нерегуларности.

    Сашо Мијалков и Мендух Тачи се осудени за поттикнувачки дејствија, додека поранешните членови добија преквалификација на дело и сега се осудени за повреда на избирачко право.

    Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година. Судијата Ставрев рече дека ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни.

    – Судот е на мислење дека никогаш и никаде, не смее неправото да биде над правото. Обвинетите направиле директна повреда на изборното право во интерес на своите партиски интереси, со директна и умислена повреда – изјави судијата Ставрев.

    Сашо Мијалков беше спроведен на судењето со доцнење од половина час од страна на затворските полицајци од затворот во Струга. Во судницата беше присутен и неговиот син Александар Мијалков.

    Сите обвинети и на повтореното судење се изјаснија за невиниОбвинетите очекуваа дека обвинителот Гаврил Бубевски ќе го повлече обвинението кое го сметаат за неиздржано, а откако тоа не беше направено, очекуваа судиите да донесат ослободителни пресуди.

    Според обвинението на поранешното СЈО, Мијалков во 2013 година побарал Мендух Тачи да му наложи на сопартиецот од ДИК Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img