More

    Нов раскол во СДСМ Охрид ,Крлеска Деспотовска ќе ја обединела партијата од како ќе станела директорка во Централен Регистар???

    spot_img

    Операцијата „Дајте ново дете“ која ја спроведуваше СДСМ во Охрид ,завршува неславно!Ново назначената претседателка на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотовска личните интереси ги постави над партиските.

    Додека престедателот на СДСМ Димитар Ковачевски се надеваше дека изборот од серијалот „дајте ново дете“ Кристина Крлеска Деспотоска ,како 9-то решение на  „СДСМ Боженствена Комедија“ за Охрид,ќе биде соодветно решение ,кое ќе успее да го сплоти до крај раскараното членство,Кристина Крлеска Деспотоска најнапред сака да си го решела сопствениот статус во опшеството,а понатака ќе решавала за членовите на партијата!?

    НАЈНАПРЕД ДИРЕКТОРКА ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР,А ПОТОА ИНТЕРЕСИТЕ НА ПАРТИЈАТА И НА ЧЛНЕТСВОТО!!

    Новото дете кое застана на чело на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотовска,на ова функција доваѓа по две линии, првата енормно блиска линија со сега поранешниот градоначалник на Охрид Константин Георгиевски , под чие кадровско влијание работи Кристина Крлеска Деспотовска и втората линија ,а таа е блискоста или непосредни комшии со генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.

    Кристина Крлеска Деспотовска во време на мандатот на Константин Георгиески беше Директор на ЈП „Градски Пазар“ во Охрид ,но по нејзиното разрешување се врајќа на нејзиното старо работно место во одделот на финасии во ЈП Охридски Комуналец.

    По назначувањето на Кристина Крлеска Деспотовска за Претседател на ОО СДСМ Охрид ,најавува отлаз во ЈП Охридски Комуналец, но најнапред ке користела Годишен одмор , се додека не се регулирал нејзиниот нов работен ангажман во Централен Регистар на РСМ поддрачно одделение Охрид ?! Кристина Крлеска Деспотовска нема завршено за Регистратор и доколку биде вработена како Директор во ЦРМ Охрид , Охридската канцаларија ќе остане без овластен Регистратор , но тоа не е ни најбитно за работењето на ЦРМ,побитно е ново вдомување на Кристина Крлеска Деспотовска,не лчичело Претседателка на партија да биде вработена во Јавно претпријатие?!

    Кристина Крлеска Деспотовска среќна и весела, ќе постане битен директорски фактор , и покрај што нејзниот сопруг е сосптвеник на најголемата печатница во западна Македонија АД „Коста Абраш“Охрид.

    ИЗВРШЕН ОДБОР -КЛИМОГЛАВИЧИ!!

    Во ОО СДСМ Охрид за утре е закажан состанок за составување на органите на партијата во Охрид.Кристина Крлеска Деспотовска не ги контактирала воопшто пратениците од Охрид , едноставни таа била главна и ќе правела како што таа сакала.Впрочем еден нејзин претходник Наумче Јованоски -Чакарче ,кој исто така беше продолжена рака на Константин Георгиевски,успеа да ја разнебити до крајни граници ОО СДСМ Охрид, сега на потег е нова дополнителна поделба ,која ќе ја предводи Кристина Крлеска Деспотовска.

    п.с Четири дена се обидуваме Кристина Крлеска Деспотоска да ја добиеме на нејзините два мобилни телефони, испратени се два СМС пораки на кој и поставивме прашање дали се спрема за новото работно место во ЦРМ? До овој момент дотичната не ни удостоива со одговор.

    Продолжув:

    С.Денесовски-Лично

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img