More

    Нов Зеланд ги укинува речиси сите ограничувања поврзани со коронавирусот

    spot_img

    Луѓето кои патуваат во Нов Зеланд повеќе нема да треба да се вакцинираат против коронавирусот, објави премиерката Џасинда Ардерн.Ќе се укине и обврската за носење маска, освен во здравствени установи и установи за згрижување стари лица.

    „Време е да ја свртиме страницата во нашето управување со Ковид-19 и да живееме без итни мерки што ги користевме порано“, рече Ардерн.

    Оваа земја ги затвори своите граници за речиси сите во март 2020 година, а целосно ги отвори во јули.

    Ардерн рече дека повеќе нема да биде задолжително да се тестираат туристите по пристигнувањето во земјата и на петтиот ден од нивниот престој.

    „Денес означува пресвртница во нашето управување со кризата предизвикана од Ковид-19. Конечно можеме да кажеме дека периодот во кој коронавирусот диктираше што се случува во нашите животи заврши, ние повторно ја преземаме контролата во свои раце“, рече Ардерн.

    Останатите измени, кои стапуваат на сила од 23:59 часот во понеделник, ја вклучуваат само обврската за седумдневна изолација за оние кои се позитивни на ковид-19. Контактите во домаќинството повеќе нема да треба да се изолираат, туку ќе се тестираат секојдневно, рече Ардерн.

    За време на пандемијата, Нов Зеланд водеше кампања за нулта толеранција за коронавирусот, па така во март 2020 и август 2021 година, поради појавата на варијантите делта и омикрон, беше воведен карантин низ целата земја.

    Нов Зеланд, земја со околу пет милиони жители, пријави повеќе од 1,7 милиони случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои речиси 2.000 резултираа со смрт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img