More

    Нов гаф на американскиот претседател

    spot_img

    Претседателот на САД, Џо Бајден, направи уште еден гаф кога американската потпретседателка Камала Харис ја нарече – прва дама на САД.

    Тој ја направи грешката сакајќи да објасни дека Харис не била со него на некој настан поради тоа што нејзиниот сопруг Даг Емхоф бил позитивен на тестот за коронавирусот.
    – Направена е мала промена во тоа кој ќе ѝ се обрати на јавноста, бидејќи сопругот на првата дама на САД се заразил со коронавирусот – рече Бајден.

    Бајден потоа се пошегувал со новинарите кога му било кажано дека направил грешка.

    Да потсетиме, американскиот лидер неодамна имаше грешка кога ги нарече Украинците „Иранци“ за време на традиционалниот говор во Конгресот за состојбата на нацијата.

    Инаку, првата дама на САД е Џил Бајден со којашто Џо Бајден е во брак уште од 1977 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img