More

    Ново мистериозно заболување на црниот дроб е откриено кај децата

    spot_img

    Здравствените власти регистрирале неколку случаи на мистериозно заболување на црниот дроб кај деца, кое прво било откриено во Велика Британија, а потоа се проширило во Европа и во САД.

    Минатата недела британските власти пријавија 74 случаи на хепатитис или воспаление на црниот дроб откриени кај деца од почетокот на оваа година.

    Според извештаите на медиумите, во овие случаи не се забележани вообичаени вируси кои предизвикуваат заразен хепатитис, па научниците и лекарите размислуваат за други можни извори, вклучително и Ковид-19, други вируси, како и фактори на животната средина.

    Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) денеска соопшти дека се откриени нови случаи на хепатитис во Данска, Ирска, Холандија и Шпанија.

    Не е соопштено колку случаи се откриени.

    Во соопштението се наведува дека американските власти регистрирале девет случаи на хепатитис кај деца на возраст меѓу една и шест години во државата Алабама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img