More

    Ново кривично дело – безобзирно возење

    spot_img

    Ако возите под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, или возите под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори, или возите во забранет правец, претекнувате колона возила на непрегледно место или возите со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената, согласно новиот член 403 во предлог текстот на Кривичниот законик, ќе претставува безобѕирно управување со моторно возило и ќе се смета за кривично дело.

    Учесник во јавниот сообраќај безобѕирно кој не се придржува на прописите за безбедност во сообраќајот и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај управувајќи во состојба на неспособност на возење предизвикана со употреба на алкохол во концентрација од најмалку 1,50 г/промили во крвта, дроги, психотропни супстанции или прекурзори, возејќи во забранет правец, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која надминува 70 км на час над дозволената ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето ќе се казни со парична казна или затвор до три години, предвидува новиот членот 403 од предложениот Кривичен законик.

    Од Јавното Обвинителство за МИА појаснуваат дека дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело.
    Станува збор за кривична одговорност во наведените случаи дури и доколку нема директна штетна последица – предизвикана сообраќајна незгода. Со ова практично дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело, потенцираат од ЈО.

    Оттаму велат дека доколку законот биде усвоен во предложената форма, Јавното обвинителство ќе ги применува новите законски решенија.

    Овој член е една од новините во предложениот Кривичен законик, кој веќе е објавен на ЕНЕР, а како што најави министерот за правда Никола Тупанчевски, по широката расправа за него, треба да биде донесен до крајот на годината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img