More

    Ново истражување: Премногу сол може да го ослаби имунитетот

    spot_img

    Сите ги знаеме лошите страни на премногу сол, вклучувајќи проблеми со срцето и крвниот притисок. Сепак, постојат многу други здравствени проблеми кои може да ги предизвика консумирањето премногу сол.

    Сите ги знаеме недостатоците од прекумерното внесување сол, вклучувајќи ги и проблемите со срцето и крвниот притисок.Истражувањата покажаа дека количината на сол што ја јадеме може да не направи ранливи на болести предизвикани од бактерии, односно да го ослаби нашиот имунитет, пишува Метро .

    Студијата, објавена во списанието Circulation, се надеваше дека ќе добие повеќе разбирање од студијата од 2015 година која покажа дека високите количини на натриум во крвта влијаат на тоа како одреден тип на бели крвни клетки се подготвува да реагира кога ќе почувствува нездрава клетка.

    Во ова истражување, тимот го испитуваше „метаболизмот на имуните клетки изложени на високи концентрации на сол“.

    Овој пат забележале како солта влијае на имунитетот и како предизвикува клетките да произведуваат помалку АТП (аденозин трифосфат) и помалку кислород. АТП е „универзално гориво кое ги движи сите клетки“, обезбедува енергија за мускулна сила и метаболичко регулирање, пренесува Вечерњи.хр.

    Ова значи дека ако високите нивоа на натриум во телото предизвикуваат недостаток на АТП, тоа може да влијае на созревањето и функционирањето на тие бели крвни зрнца. Овие клетки се одговорни за имунолошкиот одговор на телото.

    Професорот Маркус Клејневитфелд од Универзитетот Хаселт рече дека „првата работа на која помислувате е кардиоваскуларниот ризик. Но, повеќе студии покажаа дека солта може да влијае на имуните клетки на различни начини“.

    Тој додава дека „ако се наруши толку важен клеточен механизам, тоа може да има негативно влијание и потенцијално да промовира воспалителни болести на крвните садови и зглобовите или автоимуни болести.

    Според оваа студија, експертите за исхрана препорачуваат возрасните да го ограничат дневниот внес на не повеќе од пет или шест грама, што ја вклучува солта скриена во преработената храна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img