More

    Ново истражување: Инфлацијата ги врати Унгарците на почетокот на пандемијата

    spot_img

    Очекувањата на домаќинствата во Унгарија паднаа во август на најниско ниво од почетокот на пандемијата во април 2020 година, засенети од инфлацијата и силниот пораст на цените на енергијата, покажа истражувањето на институтот ГКИ во понеделникот.

    Индексот на GKI, кој ги мери очекувањата на потрошувачите, падна во август за 7,5 поени, на минус 49,2 поени. Уште во февруари беше минус 17 поени.

    „ГКИ индексот на очекувања на потрошувачите е во слободен пад. Инфлаторните очекувања на потрошувачите дополнително зајакнаа во август, по пауза во јули“, објави Институтот.

    Мрачното расположение на домаќинствата ја одразува оценката за влошените финансиски перспективи во период на висока инфлација и раст на цените на енергијата.

    Индексот, во кој се вклучени и очекувањата на деловните лидери, падна за 4,9 поени, на минус 14,3 поени.

    Плановите на компаниите за покачување на цените добија нов поттик во август, особено во индустријата, а повисоки цени најавуваат и малопродажните компании, повеќе од 70 отсто од нив, наведува ГКИ.

    Така, Централната банка (НБХ) е принудена да балансира помеѓу зачувувањето на моментумот во економијата и постојано високата инфлација, со оглед на порастот на трошоците за енергија и послабата форинта, толкува Ројтерс.

    Се очекува НБХ да ја зголеми основната каматна стапка за еден процентен поен на 11,75 отсто во вторник и да објави ново зголемување, бидејќи инфлацијата продолжува да се засилува.

    Вицегувернерот на НБХ, Барнабас Вираг, на почетокот на август изјави дека инфлацијата би можела да го достигне врвот подоцна од очекуваното и може да биде повисока од прогнозата, наведувајќи стапка од 18 до 19 отсто.

    Растот на цените треба да се олесни следната година, но постепено, додаде Вираг.

    Во јули, инфлацијата изразена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој овозможува споредување меѓу членките на ЕУ, изнесува 14,7 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img