More

    Нови 815 случаи на ковид-19, починаа 4 лица

    spot_img

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи на ковид-19.

    Најмногу случаи има во Скопје – 320, а следуваат Битола – 63, Куманово – 48, Тетово – 44, Кавдарци – 36, Прилеп – 32, Велес – 27, Гостивар и Струмица – по 26, Охрид – 24, Штип – 23, Кичево – 19, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Неготино – 16, Струга – 13, Кочани – 9, Ресен – 8, Дебар и Берово – по 6, Крива Паланка и Валандово – по 5, Крушево – 4, Свети Николе, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 3, Македонски Брод – 2, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 158 реинфекции, а 1.252 пациенти оздравеле.

    Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Велес (86 и 74), починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин се регистрирани  две починати лица, од Скопје (88 и 88), двете лица се починати во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.995, бројот на оздравени пациенти е 315.083, на починати е 9.377, а бројот на активни случаи изнесува 4.535.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img