More

    Новите подтипови на омикрон БА.4 и БА.5 веќе се шират во соседството, а се зголемува и бројот на новозаразени со ковид-19

    spot_img

    Новите подтипови на омикрон БА.4 и БА.5 веќе се шират во соседството, а се зголемува и бројот на новозаразени со ковид-19. Слично како во Македонија, здравствените власти во Србија, Албанија и на Косово апелираат дека бројот на новозаразени е поголем од оние кои реално се тестираат и бидуваат регистрирани. Па така, во Србија реалната бројка е 4.000 лица дневно. Во Албанија околу 700 официјални случаи, а 1.000 во последното деноноќие. На Косово официјалната бројка од 397 лица е поголема од бројките во Македонија кои се движеа околу 300 во последните денови.

    Соевите БА.4, БА.5 и омикрон се помалку смртоносни од другите типови на коронавирус, но растењето на бројките ја зголемува загриженоста од појава на нов летен или есенски бран.

    Бројките во главната болница во Србија дуплирани

    Директорката на главната ковид-болница во Србија, Батајница, д-р Татјана Аџиќ Вукиќевиќ, предупреди дека реалниот број на заболени е околу 4.000 лица дневно, како и дека се зголемува бројот на пациенти во болниците, јави дописникот на МИА од Белград. Во Батајница во изминатите десет дена бројот на заразени бил дуплиран.

    Таа наведе дека во болницата сега има 60 пациенти со средно тешка клиничка слика, што е речиси половина од вкупно околу 140 хоспитализирани во цела Србија.

    Д-р Аџиќ Вукиќевиќ изјави дека во моментов се актуелни новите подтипови на омикрон- БA.4 и БA.5 и дека според некои истражувања во светот тие ги зафаќаат и долните дишни органи, за разлика од „обичниот“ омикрон.

    Во Србија вчера  се регистрирани 1.599 нови случаи на коронавирус од 8.206 тестирани примероци, а пет лица починале.

    Во Албанија циркулира варијантата БА.5

    Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, потврди дека во земјата циркулира варијантата БА5.

    – Во земјата циркулира варијантата БА5, за која немаме јасни податоци за формите, ниту за процентот на смртност. Имаме и малку податоци за преносливоста на оваа варијанта. Граѓаните да се вакцинираат. Секое лице кое поминало еден месец од прележувањето на заразата треба да се вакцинира, со која било вакцина. За ова нема дискусија – изјави една од најпознатите епидемиолози во Албанија, Силва Бино.

    Според Минстерството за здравство бројот на заразени со ковид-19 изнесува 5.644 лица, додека експертите предупредуваат дека нивниот број е најмалку  двапати повисок.

    По подолго време на Косово има смртни случаи од корона

    Во Косово изминатите 24 часа се регистрирани три смртни случаи на лица заболени од ковид-19, откако последните три недели немаше ниедна жрта на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Косово, пред овие жртви на пандемијата, последниот случај беше регистриран на 18 јуни, а пред тоа цели шест недели немаше ниеден смртен случај на заболен од ковид-19.

    Изминатите  24 часа се извршени 1.285 тестирања, од кои позитивни резултирале 397 лица, додека бројката на излекувани во истиот извештаен период изнесува 167. Активни носители на висрусот во Косово се 2.087 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img