More

    Новиот премиер на Австралија планира да му ја укине забраната за влез во земјата на Ѓоковиќ

    spot_img

    Австралиските власти би можеле да му ја укинат тригодишната забрана на Новак Ѓоковиќ за влез во земјата, па тенисерот ќе може да се бори за 10-трофеј во Мелбурн, пренесува Дејли Мејл. Сето ова е поврзано со одлуката на новиот премиер на Австрлија, Ентони Албанезе, голем љубител на тенисот, за кој се верува дека има ваков план.

    Извор за „Дејли мејл“ тврди дека премиерот на Австралија не сака Австралија Опен „да се разводни“ со отсуството на тенискиот ас, кој во неделата покажа дека сѐ уште е на својот врв.
    Според Дејли мејл, Австралија опен му е омилен Грен слем на Ѓоковиќ, а тој ќе може да учествува на почетокот на следната година.

    Се чини дека Надал нема да биде единствениот кој има 22 освоени Грен-слем трофеи. Сега Ѓоковиќ се враќа во играта, откако штотуку го освои 21-виот на Вимблдон. Шпанецот му честиташе на Новак за освојувањето на трофејот, нешто што не му успеа на Роџер Федерер , но можеби Рафа наскоро ќе мора повторно да го направи тоа.

    Од друга страна, Ѓоковиќ нема да може да игра на Ју Ес Опен, поради тоа што не е вакциниран за ковид-19. Од истата причина тој не можеше да игра на претходниот слем во Мелбурн. Некои новинари како Бен Ротенберг и Пирс Морган го нарекоа тенисерот „антиваксерска икона“ на што остро реагираше сопругата на Ѓоковиќ, Јелена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img