More

    Новинар ја спомна мајката на тенисерот, Јелена се скара со друг новинар

    spot_img

    Контроверзниот британски новинар и водител Пирс Морган со години ги коментира потезите на Новак Ѓоковиќ каде и да оди тенисерот, а тоа беше случај и вчера по новиот успех на српскиот ас на Вимблдон, каде го подигна седмиот трофеј, пишува Мондо.

    Морган претходно го опиша Ѓоковиќ како „измамник на ковид“, „лажго“ и „антиваксерска икона“, се потсмеваше на неговата мајка Дијана. Новинарот рече дека ќе го поддржи Киргиос против Ѓоковиќ, но набрзо и Австралиецот му пречеше поради неговата глупост , па на крајот се одлучи за Србинот.

    Но, пред да се одлучи за Ѓоковиќ тој го проментира неговото „антиваксерство“.

    Спортистите си инјектираат разни работи

    „Неверојатно е што еден млад спортист во форма и на врвот на својата игра, доброволно се лиши од освојување на повеќе турнири затоа што се плаши од сигурен и брз удар на вакцината, која досега ја примиле 4,8 милијарди луѓе“, напиша Пирс Морган на својот Твитер како коментар на одлуката на Новак Ѓоковиќ дека и во иднина нема да се вакцинира.

    Морган исто така рече дека не мисли оти Ѓоковиќ треба да ја прими вакцината , но му е чудно што спортистот нема да ја прими.

    „Спортистите постојано си „инјектираат“ разни работи“,  напиша Морган.

    Тој е самиот одговорен за своето тело

    Ова не е прв пат на турнирот британски новинари да го навредуваат Новак Ѓоковиќ , а лоши зборови доби и Јелена Ѓоковиќ. Taa имаше жестока дискусија со Бен Ротенберг на Твитер, одговарајќи му на постот дека „Вимблдон би можел да биде последниот Грен слем за Ѓоковиќ оваа година поради неговата одлука да не се вакцинира и поради тоа тој стана заштитен знак на антиваксерите “.

    Јелена одговори.

    „ Се извинувам. Само сакам да нагласам дека го означивте (Ѓоковиќ) како личност која е заштитен знак на антиваксерите од која било причина. Тој  е самиот одговорен за одлуката што ја донесе за своето тело“, напиша таа.

    Го разбирам, ама ме разочара

    Набрзо стигна и репликата на Бен, кој делумно се оправда, а делумно го нападна српскиот играч.

    „Разбирам дека тоа е негов избор, но велам дека неговата одлука да не се вакцинира го ограничува неговото учество на турнирите. Поради сето ова, тој стана икона на антиваксерското движење. Го видов директно во Австралија“, напиша познатиот спортски новинар.

    Дискусијата набрзо продолжи со новиот одговор на Јелена.

    „Креирате многу осудувачки наратив што вам ви одговара. Тој (Ѓоковиќ) го избра она што е најдобро за неговото тело“, напиша таа.

    Тогаш Бен повторно ѝ одговори.

    „Можам да прифатам дека е за осуда, но верувам дека секој граѓанин, особено јавна личност, има должност да постапува во согласност со јавното здравје и да испраќа одредени пораки за време на пандемијата. Како некој кој долго време го следи Новак и кој знае колкаво е неговото влијание на шампионатот, ме разочара безброј пати. Можеби е осудувачко, но тие работи се важни“, искрен беше новинарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img