More

    Новинари биле спречени да известуваат од настан на кој присуствувал Ковачевски

    spot_img

    За време на денешниот настан во кругот на фабриката „Пекабеско” во Скопје каде бил присутен премиерот Димитар Ковачевски, двајцата новинари Љупче Златев од Радио Лидер и Предраг Кукиќ од Курир биле спречени да присуствуваат на настанот и да постават прашања до премиерот, информираше Здружението на новинари и медиумски работници (ЗНМ).

    „Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од колегите новинари присутни на настанот, од страна на лице вработено во приватната агенцијата за обезбедување РОТЕ им биле побарани новинарски акредитации кои според сведочењето на новинарите тие им ги покажале и потенцирале дека добиле покана од Владата за овој настан. Обезбедувањето сепак ги спречило да влезат на настанот, за да си ја извршат својата новинарска задача. По реакциите од страна на нашите колеги новинари за овој инцидент, ЗНМ ќе достави претставка до Комората за приватно обезбедување на Република Северна Македонија со цел расчистување на овој инцидент за агенцијата за обезбедување РОТЕ. Потребно е да се знае дека припадниците на агенциите за приватно обезбедување во ниеден случај не смеат да ја ограничат работата на новинарите и медиумските работници кои известуваат, бидејќи на тој начин се ускратува и правото на информирање на граѓаните. Укажуваме дека одговорноста за вакви попречувања на работата на новинарските екипи е и на товар на организаторот и на Владата која ги поканила новинарските екипи. Затоа бараме и Владата и компанијата Пекабеско да спроведат внатрешна истрага за да се спречат вакви инциденти во иднина“, наведено е во соопштението на ЗНМ.

    Реакција пристигна и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, ваквиот инцидент го нарече: скандал.

    „ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува спречувањето на новинарите од новинската агенција Курир и на Радио Лидер во вршењето на својата професионална задача. Ваквото тоталитарно однесување од страна на одговорните лица во кабинетот на Ковачевски само ја покажува вистинската слика за односот на владата и Ковачевски кон новинарската фела. Токму заради ваквите настани, Македонија со години тоне во рангирањето на сите релеватни меѓународни извештаи во однос на демократијата и владеењето на правото. После денешниот скандал, со спречувањето на новинарите во својата работа, се поставува прашањето, од што бега Димитар Ковачевски и зошто се плаши од прашањата на новинарите. Дали се плаши да одговори на прашањето за што е договорено и што му е ставено на маса после вчерашната средба во Тирана? Ова не е прв инцидент на кабинетот на Ковачевски при неговите јавни настапи. На секоја прес конференција, новинарските работници се спречени и ограничени при поставувања на прашања кон премиерот и министрите во оваа антидржавна власт. Друг сличен инцидент имаше и кога новинар од национална телевизија доби закани од обезбедувањето на премиерот, дека ќе биде уапсен, заради поставено прашање кон Ковачевски. Ги повикуваме сите надлежни институции, како и новинарски здруженија да реагираат на ваквиот непрофесионален однос од страна на кабинетот на Димитар Ковачевски. На ваквото тоталитарно однесување, како и на забеганоста на власт за многу брзо ќе и дојде крајот, на следните предвремени парламентарни избори на кои СДС и ДУИ катастрофално ќе ги изгубат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img