More

    Новинарите мора да работат ослободени од притисоци

    spot_img

    Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и партијата СДСМ, најостро ги осудуваат заканите и навредите упатени кон новинари на Канал 5 и повикуваат МВР да го расчисти случајот.

    Како што објави телевизијата, од профил на извесен Роберт Елбасанов на Фејсбук, добила порака со навредлива содржина и закани во која меѓу другото се вели „да е ова асална држава, досега сите ќе бевте стрелани како кучиња“.

    „Канал 5 ТВ како единствена професионална и избалансирана телевизија постојано преку социјалните мрежи добива закани, но оваа веќе ја прели нашата „чаша“. Ваква гнасна, нечовечна порака заслужува само сериозна санкција. МВР и ОЈО – ќе реагирате ли“ – праша јавно телевизијата.

    СДСМ објави соопштение во кое се вели дека ги осудува заканите кон новинари на Канал 5, и очекува расчистување на случајот и одговорност.
    „Ги осудуваме заканите кон новинарите на Канал 5 кои се појавуваат на социјалните мрежи.

    Новинарите и медиумите имаат важна улога во нашето демократско општество и недозволиво е тие да бидат предмет на било какви закани или говор на омраза. Последниот случај со закани е пријавен во надлежна институција, МВР постапува и очекуваме брза разрешница и соодветно санкционирање, за вакви закани да не се повторат“ – се вели во соопштението на СДСМ.

    Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека најостро ги осудува заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.

    „Нападите и заканите кон новинари се неприфатливи и сите надлежни органи мора да ги преземат потребните мерки за да се создаде опкружување во кое ќе постојат професионални, слободни и независни медиуми. За да се овозможи демократски развој на државата, од суштинско значење е новинарите да бидат безбедни во секој момент и да им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работа, односно да можат навремено да ги информираат граѓаните за различни општествени случувања, без закани и заплашувања“ – велат од АВМУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img