More

    Нова снимка на финската премеирка направи хаос

    spot_img

    Не запира дискусијата околу однесувањето на финската премиерка Сана Марин на приватна забава. Објавена а нова снимка која открива повеќе детали од журкањето на премиерката на којасе гледа како во еден клуб во главниот град Хелсинки танцува со финскиот пејач  Олав Уусивирта.

    Премиерката Марин се соочува со сѐ пожестоки критики од јавноста откако во четвртокот беше објавена снимка на којашто се гледа како танцува со познати фински инфлуенсери и уметници на приватна забава во стан, пред заминување на уште два бара.

    Во најновото видео Марин е снимена додека танцува со Усивирта, а двајцата повремено се допираат со рамењата и колковите. Музичарот накусо се наведнува нанапред како да сака да ѝ шепне нешто на увото или, како што пишуваат некои медиуми, да ја бакне во вратот.

    На прес-конференцијата вчера финската премиерка изјави дека не се сеќава дали мажот со кој танцувала ја бакна во вратот. Рече дека и самата ја гледала снимката и дека се чини дека Усивирт нешто ѝ зборува.

    – Да, навистина, мажена жена сум, но мислам дека тоа се работи кои се однесуваат на мојот приватен живот и немам намера натаму да ги коментира. Покрај тоа, мислам дека во тоа видео не се случува ништо непримерно – рече Марин.

    Коментирот, пак, на музичарот на Инстаграм излега вака:

    „Има многу нагаѓања во јавноста за природата на односот меѓу мене и премиерката Сана Марин. Можам само да кажам она што е вистина: ние сме пријатели и меѓу нас не се случи ништо непримерно“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img