More

    Нова пропуштена можност за целосно помирување на МПЦ-ОА и ПОА

    spot_img

    По којзнае кој пат во период од неколку месеци пропуштена е нова шанса за целосно црковно помирување и за конечно придвижување на прашањето за интегрирање на Православната охридска архиепископија (ПОА) во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

    Викендов, сите очи беа вперени кон Нови Сад, Србија. Таму, во дворот на Соборниот храм се одвиваше свечен чин – канонизација на светите бачки маченици и на епископот Св. Иринеј (Ќириќ) исповедник на верата, а со светата архијерејска литургија началствуваше српскиот патријарх Порфириј во сослужение со многубројни архијереи на Српската православна црква (СПЦ) и на сестринските помесни цркви.

    На неделната литургија учествуваа тројца владици од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) – Тимотеј, Петар и Агатангел, а интересно е тоа што по цели две децении поминати од Нишкиот договор, кога, впрочем и „пукна тиквата“ и започна црковниот раскол во Македонија, заедно на една иста литургија, рамо до рамо со архијереи на МПЦ-ОА, служеше и поглаварот на ПОА, г.г. Јован, како и двајцата епископи – Давид и Марко.

    Ова несомнено претставува нов и важен момент во процесот на помирување, бидејќи на претходните две заеднички литургии (првата помирувачка заедничка литургија во Белград на 19 мај и втората заедничка литургија во Скопје на 24 мај), поради нечие инсистирање, на архиепископот г.г. Јован не му беше дадена можност да сослужува, туку само да присуствува во олтарот.

    Овојпат работите се прилично променети, а срцата на скараните браќа полека почнуваат да се одмрзнуваат и да се прилагодуваат на стандардна собна температура. И токму поради тоа подобрување на односите, очекувањата на многумина беа дека оваа нивна средба во Нови Сад ќе вроди со плод, односно дека конечно ќе биде направен макар и неформален разговор околу интеграцијата на владиците од ПОА во МПЦ-ОА.

    Но, такво нешто не се случило. Како што дознаваме од високи црковни извори, за време на официјалниот престој во Нови Сад, но и за време на неофицијалните и неформални меѓусебни дружби помеѓу архијереите на МПЦ-ОА и на ПОА, никој воопшто не се ни обидел да ја отвори темата за решавање на недозволената и неприфатливата состојба во земјава, каде се активни две канонски православни цркви на една иста територија.

    И покрај најавите дека поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан за неколку дена ќе го повика на итна средба поглаварот на ПОА г.г. Јован за да разговараат за начинот на и така неминовната распределба на епархии, сепак, од тогаш помина повеќе од еден месец, а таков состанок не се случи.

    Се обидовме да добиеме изјава од владиката Петар, но безуспешно. Став се обидовме да побараме и од митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, но и тој не беше во можност да ни одговори на прашањата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img