More

    Ниту едно Светско првенство во фудбал не поминува без скандал, се степале Де Брујне, Азар и Вертонген, ама скокнал Лукаку

    spot_img

    Ниту едно Светско првенство во фудбал не поминува без скандал. Така беше во минатото, така е и сега во Катар.

    Овојпат, во центарот на вниманието се Белгијците.

    Репрезентацијата на Белгија која на претходното Светско првенство го освои третото место, сега е во ситуација да се запрашува дали има сили да ја помине групната фаза и да се пласира во осминафиналето.

    Белгијците не играат на своето претпознатливо ниво. Во првото коло изгубија од Мароко (0:2), во вториот натпревар едвај ја победија Канада (1:0), а сега директно против селекцијата на Хрватска ќе се борат за пласман во осминафиналето.

    Но, сега е веќе познато и зошто Белгија не личи на себе. Тамошните медиуми откриваат афера од Доха.

    РТЛ објави шокантни информации дека Кевин де Брујне, Еден Азар и Јан Вертонген имале вербална расправија, а како што се наведува во текстот, паднале и навреди и пцовки. Тројцата фудбалери тргнале и физички да се пресметаат, си размениле по неколку удари, а поголема катастрофа била спречена од страна на Ромелу Лукаку кој успеал да ги раздвои колегите.

    Официјални изјави и реакции од таборот на Белгијците засеганема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img