More

    Никој не рече дека ќе останеме во Белорусија

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин не му ветил ништо официјално на неговиот колега Емануел Макрон дека „нема да има ескалации“ во Украина, како што претходно Макрон тврдеше по нивната синоќешна средба. Според првиот човек на Кремљ, Дмитриј Песков, договор немало и преговорите се уште на масата.

    – Ова едноставно не е можно… Франција е членка на НАТО, но не е лидер таму – раководството припаѓа на сосема друга земја во блокот. Значи, за какви зделки можеме да зборуваме овде? – рее тој.

    Макрон денеска од Москва го посети Киев за да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    – Добив ветување дека нема да има деградација или ескалација. Мојата цел беше да ја замрзнам играта, да спречам ескалација и да отворам нови перспективи… оваа цел за мене е исполнета – изјави Макрон по средбата.

     

     

    Ветено или не, денеска првиот човек на Кремљ излезе со нова изјава, која некои медиуми ја толкуваа како ветување дека руските трупи ќе ја напуштат Белорусија по воените вежби од 10 до 20 февруари. Еве што рече тој:

    – За оние од вас кои внимателно го следат ова, никој никогаш не рекол дека руските трупи ќе останат на белоруска територија – рече портпаролот, пренесува ДПА.

    Во Белорусија, северниот сосед на Украина, Русија распореди 30.000 војници овој месец поради заеднички воени вежби кои треба да запонат во петок, на 10 февруари и да траат 10 дена. Во моментов вкупниот број руски војници на границите на Украина е повеќе од 100.000.

    Ќе си одат ли Русите од Белорусија? Шефот на Воениот комитет на Алијансата, адмирал Роб Бауер вчера изјави дека се разгледува можноста за зголемено воено присуство во балтичките земји и Полска во случај Русија да ги задржи своите трупи во Белорусија по планираната воена вежба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img