More

    Николоски до Ковачевски – Најдоцна на пролет мора да има предвремени парламентарни избори

    spot_img

    Најдоцна на пролет мора да има предвремени парламентарни избори за новата власт да се спреми и организира и спремно да ја дочека зимата во 2023 година, како би се намалиле економските последици и би можело стопанството да се врати во нормала и да се врати животниот стандард на граѓаните – изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по конференција на тема „Енергенсите и економската криза и улогата на парламентот“. Конференцијата е во организација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во соработка со шведската фондацијa Јарл Хјамарсон, официјална фондација на Умерената партија на Шведска, која од скоро го има премиерот на Шведска.

    Николоски потсети дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе сет закони и законски измени со кои предлагаме мерки за намалување на енергетската криза и економската сиромаштија.

    – За жал не гледаме голема респонзивност и затоа најдобар начин да се реши оваа криза се брзи предвремени избори, најдоцна пролет 2023 година. Затоа што не смееме да заборавиме дека кризата ќе е малку подолга, и дека доаѓа уште потешка зима, а тоа е зимата во 2023 година.

    Ако оваа година некои од земјите успеаја да ги наполнат резервите со гас и колку толку да има некакво производство на електрична енергија, со вакви високи цени сепак го има, големо прашање е што ќе се случува во текот на 2023 година и затоа не смее неспособна влада која нема одговори за економските проблеми на граѓаните да остане на власт цела година – рече Николоски.

    За случајот со издадениот пасош на украинскиот бизнисмен Онишченко пратеникот Николоски рече дека е нарушена безбедноста на Македонија и загрозен е меѓународниот имиџ на земјата, па затоа треба да има одговорност на три нивоа, кај Димовски, Спасовски, како и кај премиерот Ковачевски

    – Јас тврдам дека основна причина зошто овој пропуст се случи е неспособноста и корупцијата. Безбедносните служби се полни со луѓе кои се неспособни и луѓе кои се длабоко корумпирани. Наместо да се занимаваат со заштита на уставно-правниот поредок на Македонија, се занимаваат со криминал, со уценување бизнисмени и со следење на опозицијата. Затоа ги донесоа безбедносните служби да бидат на потсмев, но исто така и да ја загрозат безбедноста на Македонија и меѓународниот имиџ – изјави Николоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img