More

    Николоски вели со оваа влада само ќе расте сиромаштијата

    spot_img

    Инфлацијата во Македонија не е 10%, инфлацијата е многу повеќе и тука има класична манипулација со статистиката“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Јанко, јади бурек“.

    Николоски додаде дека реално инфлацијата во Македонија е некаде околу 50-тина проценти, ако реално се гледаат цените, а тоа дополнително ќе го уништи стандардот на граѓаните.

    – Прво, фирмите немаат доволно сила да ги креваат платите колку што растат цените, уште помалце тоа може да го прави Буџетот. Дури и да се случи тоа, тогаш ќе се влезе во една инфлаторна спирала каде што комплетно ќе изгубат парите вредност. Но, во услови кога не можат да го прават тоа се помалку ќе можат граѓаните да имаат некој пристоен живот и за жал се повеќе ќе расте сиромаштијата, појасни Николоски.

    Тој посочи дека со ваква Влада Македонија може банкрот да ја очекува, бидејќи државата оваа година ја задолжија за уште милијарда евра.

    – В година не гледам кој ќе ни даде пари како држава. А, досега Македонија е задолжена преку 8 милијарди евра. Долгот на Македонија е преку 8 милијарди евра, а за споредба кога ја преземаа власта 2017 година беше под 4 милијарди евра и редовно се сервисираше. Значи стариот долг го немаат вратено од власта и плус имаат дуплирано долг, нагласи Николоски.

    Николоски дури укажа дека задолженоста се мери според БДП. Кога Заев стана премиер во тој момент задолженоста на Македонија беше некаде околу 36% до 37% од БДП. А, денес задолженоста на државата стига до 64% од БДП. А, со задолжувањата кои што се планираат со ребалансот на Буџетот ќе оди и до 70% од БДП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img