More

    Николоски: Ако не верувате во анкетите, согласете се за предвремени избори и за референдум

    spot_img

    Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој денеска во Прилеп оддаде почит на 21 годишнината на загинатите армиски прпадници кај Карпалак, ја повика власта предводена од СДСМ и ДУИ, за да се увери дека бројките од анкетата се вистините, нека се согласи за предвремени парламентарни избори и за организирање референдум, каде што граѓаните преку овие две форми на непосредна демократија ќе ја кажат најточната анкета.

    – Во однос на резултатите на анкетите, тие се апсолутно точни. Се работи за најголемата куќа во Европа за истражување на јавно мислење, тоа е француски ИПСОС кој што до сега нема промашено истражување, не само на Балканот туку зборувам на ниво на Европа. Така што, доколку ИПСОС излегува со тие бројки, тогаш во моментот тоа е расположението на народот. А всушност, најдобар доказ дека бројките се вистинити и на тоа што власта предводена од СДСМ и од ДУИ бега од две клучни работи на кои што точно може да се види расположението на граѓаните. Првото се предвремени парламентарни избори и второто е референдум на кој што граѓаните масовно ќе го одбијат овој бугарски предлог. Така што, ова се двете форми на непосредна демократија каде што граѓаните можат да ја кажат најточната анкета. Ги повикувам од тука, од Прилеп да се согласат и на предвремени избори и на референдум – истакна Николоски.

    Во однос на обвинувањата на од страна на СДСМ дека анкетата била нарачана од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски истакна дека анкети нарачуваат политички партии за да се види расположението на народот помеѓу два изборни циклуса.

    – Анкетите секогаш се нарачани од политички партии, евентуално од институции и се главно мерило за тоа каде се наоѓа секоја политичка партија помеѓу два изборни циклуси. Секако најдобра анкета се изборите, но во меѓувреме, во цел демократски свет, тоа е начинот на кој што се мери перформансот и поддршката на секоја политичка партија – рече Николоски.

    Тој додаде дека француската куќа за истраживање на јавното мислење ИПСОС, која ја спроведе и последната анкета на барање на ВМРО-ДПМНЕ, до сега нема промашено истражување ниту на Балканот, ниту во Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img