More

    Николовски тврди дека храна има доволно

    spot_img

    Сега гледаме колку е важно обезбедувањето храна, но граѓаните не треба да се грижат. Имаме доволно колични основни производи, подготвуваме план за поддршка на пролетната седиба, а резултат ќе дадат и интервентните мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

    Николовски потенцира дека максимално одговорно се постапува, се следат состојбите и се реагира навремено.

    -Храна ќе има. Активно и будно ја следиме состојбата. Граѓаните да не стравуваат и да им веруваат на институциите – рече Николовски.

    Според него, предвидувањата во светски рамки покажуваат колку е ситуацијата сериозна, што, пак, е уште една потврда за значењето на земјоделството и производителите.

    Министерот уште еднаш кажа дека со Србија е договорен извоз на околу 50 000 тони жито, но на вчерашната средба во Белград станало збор и за увоз на рафинирано и нерафинирано масло.

    -Не е точно дека не ни треба пченица, работата е сериозна. Генералниот секретар на ФАО ќе ве шокира ако ги слушнете прогнозите за тоа што не очекува и како ќе биде. Тоа е доказ колку внимание и поддршка се потребни за да опстанат земјоделството и производителите. Сакам да потенцирам дека максимално се трудиме да има доволно храна, но и да има доволно домашно производство, како и да бидеме увозно независни- рече Николовски.

    Тој додаде дека фокусот на државните аграрните политики кои веќе даваат резултат, е секоја педа земјоделско земјиште да биде обработлива, да биде максимално искористена и да се стави во функција на развојот.

    -На среден рок да се зголемат приносите, а на долг рок да се намали увозот – рече тој.

    Во однос на пласманот, министерот е дециден дека забрани засега нема, ниту има раскинување на договори, но државата, сепак, е максимално ангажирана и на изнаоѓање алтернативни пазари за нашите производи.

    Николовски рече и дека цел на земјоделскатап олитика е земјава да стане независна од увоз на храна.

    – Наследивме 350 милиони евра заостанати субвенции. Прв пат по три децении зборуваме за окрупнување на земјоделските површини и за здружување во задруги. Прв пат ќе се менува и моделот на субвенционирање преку воведување авансна исплата, 30 отсто пред почеток на сеозната. Посебно внимание ќе се поствети и на земјоделското земјиште. Не само државното, туку и приватното ќе се става во функција, ќе се дава на оној што сака да го работи. Се работи и на модернизација на инфраструктурата, како и на развој на селата – рече  Николовски.

    Негова оценка е дека „ако не се субвенциите, нашето земјоделство ќе пропадне“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img