More

    Николовски договори дополнителен увоз и од Бугарија

    spot_img

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.

    „Со мојот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза“ напиша Николовски.

    Николовски е во Берлин каде што вчера, на покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир, учествуваше на министерската конференција во рамки на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

    Претходниот месец беше постигнат договор и со Србија, да ја изземе земјава од забраната за извоз на пченица и други прехранбени суровини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img