More

    Николина Пишек во 2020 прогласила банкрот – Државата ѝ ги простила долговите

    spot_img

    По смртта на Видое Ристовиќ, неговата сопруга Николина Пишек Ристовиќ е во финансиски проблеми. Таткото на Видое, Миша Гроф, последните денови ја обвинува дека „му барала пари додека неговиот син сѐ уште не се изладил“, а српските медиуми неодамна се распишаа за тоа дека Николина не може да го отплати кредитот од шест милиони куни што таа и нејзиниот сопруг го покренале за градење на куќа.

    „Блиц“ сега пишува дека Николина прогласила банкрот во 2020 година, кога нејзината фирма за облека за возрасни и деца доживеала фијаско во бизнисот.

    „На 13 август, финансиската агенција ФИНА го започна стечајниот процес пред општинскиот граѓански суд во Загреб против фирмата на Николина, а судијата Ивана Принцип последователно одлучи да ја ослободи од обврските кон своите повереници“, пишува во текстот.

    Наводно, станувало збор за долгови кон Загрепскиот холдинг, Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) и Министерството за финансии во износ од 2.050 евра (околу 15.000 куни).

    Судот тогаш утврдил дека Николина нема имот и дека од 2017 до 2020 година немала плата ниту други постојани приходи.

    Досега е познато дека Николина има два хипотекарни долгови за вилата во Загреб. Првиот залог на тој имот е подигнат на 14 мај 2021 година и е заведено како заложно право според договорот за станбен кредит во износ од 400.000 евра. Вториот кредит во истиот износ е подигнат на 28 мај 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img