More

    Не се согласуваат ни за нафтата, ни за Кина, ни за одбраната

    spot_img

    Непријатен ќе биде ручекот што денеска ќе го имаат Емануел Макрон и Олаф Шолц во Париз, пишува порталот Политико. Макрон ќе го оддува својот колега, се вели во насловот на статијата. Берлин и Париз веќе имаат нарушени односи бидејќи Германците не се сложуваат да се стави капак на цената на нафтата, како што се договорија ЕУ-земјите. Но, вчерашната најава дека по ручекот нема да има пресконференција за новинарите зборува за подлабоко непријателство.

    Доколку биде потврдено дека нема да има брифинг, тоа би било прилично омаловажување за Шолц, кој патува со цел новинарски корпус во Париз, а оттаму продолжува во Атина во уште една државна посета. Негирањето на прес-конференција на лидерот во посета е политичка тактика која генерално се применува за укор, како што неодамна беше направено од Шолц кога унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети Берлин.

    – Веројатно, досега има недостиг на контакти и размена меѓу соодветните нови владини тимови на Шолц и Макрон – рече Сандра Везер од германската либерална Слободна демократска партија, која седи во одборот на француско-германското парламентарно собрание.

    – Значи, ние секако сме и на почеток на нови меѓучовечки политички односи, за кои прво треба да се изгради доверба – додава таа.

    Кавгата за медиумско шоу е само најновата епизода од продлабочениот спор меѓу двете најголеми сили на ЕУ. Во последниве недели, Шолц и Макрон се судрија околу тоа како да се надмине немоќта на Европа во одбраната и најдобриот пристап за справување со Кина.

    Минатата недела, тие тензии се појавија во јавноста кога планираниот состанок на француско-германскиот кабинет во францускиот град Фонтенбло беше одложен за јануари поради големите разлики во текстот на заедничката декларација, како и спротивставените планови за одмор на некои германски министри. Несогласувањето меѓу двете влади беше широко видливо и на минатонеделниот самит на ЕУ во Брисел.

    „Работниот“ ручек на Шолц и Макрон будно ќе го следат политичарите низ Европа. Конфликтот меѓу двете најголеми европски сили доаѓа токму тогаш кога на Украина ѝ треба зголемена поддршка.

    Берлин не нѐ третира, сам ја води економијата

    Француските власти се жалат дека Берлин не ги третира доволно како близок партнер. На пример, Французите тврдат дека не биле информирани однапред за домашниот пакет за олеснување на цената на енергијата во Германија од 200 милијарди евра. И тие се погрижија нивните колеги во Берлин да бидат свесни за нивната фрустрација.

    – Во моите разговори со француските парламентарци, стана јасно дека луѓето во Париз сакаат поголема и поблиска координација со Германија – рече Шантал Копф, пратеник од Зелените, една од трите партии во германската владејачка коалиција и член на одборот на француско-германското парламентарно собрание.

    – Досега, оваа соработка секогаш функционираше добро во време на криза – помислете, на пример, за фондот за закрепнување за време на кризата со коронавирус – и сега Французите исто така со право сакаат одговори на актуелната енергетска криза или како да се справат со Кина, да бидеме тесно координирани – рече Копф.

    Сличен заклучок носи и Везер од ФДП, друг коалициски партнер во владата во Берлин.

    – Париз е иритиран од германското противење за сопирањето на цената на гасот и недостатокот на поддршка за заеднички европски проекти за одбранбена технологија – рече таа.

    Истовремено, таа ја обвини француската влада дека до неодамна ја одолговлекувала новата гасоводна врска меѓу Пиринејскиот полуостров и Северна Европа.

    Шолц без Макрон отиде во Кина

    Неодамна, француската влада беше иритирана од веста дека Шолц планира да го посети Пекинг следната недела за да се сретне со Си Џинпинг, што ќе биде прва посета на странски лидер откако кинескиот претседател доби трет мандат со кршење на нормите. Германија и Кина, исто така, планираат свое шоу кога станува збор за планираните владини консултации во јануари.

    Размислувањето во Елисејската палата е дека ќе беше подобро Макрон и Шолц да ја посетеа Кина заедно и по можност малку подоцна, наместо веднаш по конгресот на Комунистичката партија на Кина, каде што Си обезбеди уште еден мандат. Според еден француски функционер, посетата веднаш по конгресот ќе го „легитимира“ третиот мандат на Си и ќе биде „премногу политички скапа“.

    Макрон, исто така, се воздржа од директно критикување на контроверзниот договор за пристаништето Хамбург со кинеската компанија Коско, што Шолц го туркаше пред неговото патување во Пекинг. Францускиот претседател минатата недела ја доведе во прашање мудроста да се дозволи Кина да инвестира во „суштинската инфраструктура“ и предупреди дека Европа била „наивна“ кон кинеските купувања во минатото „бидејќи мислевме дека Европа е отворен супермаркет“.

    Германија ги прекина воените проекти со Франција

    Жан-Луј Тиерио, потпретседател на комитетот за одбрана во француското Национално собрание, рече дека Германија сѐ повеќе се фокусира на одбраната во Источна Европа на сметка на заедничките германско-француски проекти. На пример, Берлин потпиша договор со 13 членки на НАТО, многу од нив на северно и источноевропско крило, за заеднички да се здобијат со противвоздушен и противракетен одбранбен штит. Ова многу ја налути Франција.

    – Ситуацијата е без преседан. Тензиите сега се влошуваат и брзо. Во последните неколку месеци, Германија одлучи да ја прекине работата на (француско-германскиот) хеликоптер „Тигар“, ги фрли заедничките морнарички патроли…А потписот на штитот за противвоздушна одбрана е смртен удар (за одбранбените односи) – рече Тиерио.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img