More

    Не е Фи, не е Пи, а лежи во срцето на сите константи!

    spot_img

    Бројот 137 е оној број од кој физичарите паѓаат од столче, бидејќи се појавува на толку места пред останатите константи. Го викаат и „алфа“ затоа што без неговата обратна вредност од 1/137 универзумот не би можел ја има својата „фина структура“, односно атомите не би додржале. „Алфа“ е бројката која ги врамува електроните да кружат околу јадрото, но не само тоа: 137 е истовремено прост број, Питагореев број, тој е бројката на Златниот агол кога кругот би го поделиле по Фи, тој е бројот на години што ги имале Аврам, Леви и Исмаел во Библијата.

    Од раните 1900-ти, физичарите претпоставувале дека бројот може да лежи во срцето на големата обединета теорија, која ги поврзува теориите на електромагнетизмот, квантната механика и, особено, гравитацијата. На пример, јаката сила, која ги држи меѓусебе протоните во јадрото е точно 137 пати посилна од електромагнетизмот. Дали тоа значи дека четирите сили во природата можеме да ги третираме како една иста појава?

    Бројот го открил астрономот Артур Едингтон „со чиста дедукција“. Најинтересното? Кога ќе поделите едно цело на 137 делови првите осум децимали можат да се читаат исто однапред како одназад. Како зборот „калабалак“ на пример. Плус тоа, тие се повторуваат…

    Зошто сите зборуваат за Фи и златниот пресек, а не му даваат значење на 137? За генијот Ричард Фајнман бројот е божји и тој „ја содржи суштината на електромагнетизмот (електронот), релативноста (брзината на светлината) и квантната теорија (Планковата константа).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img