More

    Не било допинг, туку обичен лек за циркулација?

    spot_img

    „Триметазидин никако не им помага на спортистите. Општо земено. Најден е во еден примерок во декември. Минимална количина. Не беше во примероците пред или потоа. Нема допинг. Не! Овој лек за срце нема ефект на перформансите. Оставете ја Камила на мир“.

    Вака напиша спортскиот новинар Василиј Конов на социјалните мрежи, бранејќи ја 15-годишната Камила Валиева која вчера освои златен медал во уметничко лизгање испишувајќи историја со својот четирискок, за подоцна да биде обзнаено дека била позитивна на допинг-тест два месеци пред Олимпијадата.

    Валиева користела триметазидин, кој помага во лекувањето на срцевите проблеми и го подобрува протокот на крв и издржливоста, пренесува Б92. Имала ли Русинката срцеви проблеми?

    Д-р Садија Кан, кардиолог и професорка на Медицинскиот факултет Фајнберг на северозападниот универзитет, изјави за Ројтерс дека триметазидин теоретски може да влијае на перформансите.

    – Идејата би можела да биде, потенцијално, дека ако го подобрите протокот на крв, можете да ја подобрите нечија способност да тренира подолго или да вежба поефикасно со тоа што ќе му дозволите на срцето да работи супернормално – рече Кан.

    Таа сепак додаде дека нема докази дека овој лек може да го направи сето тоа.

    Ако на Русија ѝ се одземе екипното злато, тоа ќе оди за Американците, Јапонија би добила сребро, додека четвртопласираната Канада би освоила бронза.

    Да потсетиме, руските спортисти се натпреваруваат во Пекинг како „Руски олимписки комитет“(РОК) поради колективниот допинг утврден на Игрите во Сочи во 2014 година.

    Засега, Валиева не е суспендирана, накратко изјавија од РОК. Таа е забележана како вежба и покрај скандалот кој е во тек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img