More

    Нема нови ковид мерки – двојно зголемување на капацитетите за тестирање во Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје

    spot_img

    Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок на кој се дискутираше за состојбата со коронавирусот во земјава, одлучи да не воведува нови ковид-мерки, дознава Плусинфо.

    Според информациите кои ги добивме, а кои официјално треба да ги потврди министерството за здравство, од Комисијата било препорачано да двојно зголемување на капацитетите за тестирање во Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, затоа што во последно време матичните лекари тешко можеа да дојдат до слободен термин за тестирање, па граѓаните повторно мораа ковид-тестови да прават во приватните лаборатории.

    Како што е веќе познато остануваат на сила важечките препораки, да се носи заштитна маска во јавен превоз, во здравствените институции, во аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Да се одржува растојание и редовно да се мијат раце.

    Според вчерашната статистика од направени 1.385 тестови, регистрирани се нови 504 случаи на ковид-19 од кои 321 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица според регистарот од Мој Термин. Бројот на активни случаи изнесува 2.490 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img