More

    Неизвесно членството во НАТО за Шведска и за Финска

    spot_img

    Украинскиот портал Киев индипендент, на Твитер објави дека Хрватска ќе ги блокира Шведска и Финска во пристапувањето во НАТО.

    „Хрватска ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека ќе му нареди на постојаниот претставник на земјата во НАТО да гласа против предлогот“, напиша киевскиот медиум на Твитер.

    „Членството на двете нордиски земји ќе зависи од тоа дали ќе се промени изборниот закон во БиХ, рече Милановиќ, додавајќи дека Хрватите во БиХ се уништуваат како политички ентитет“, пишува Киев индипендент во објавата.

    За оваа тема вчера на Твитер пишуваше и Јулија Мендел, поранешна портпаролка на Володимир Зеленски.

    „Хрватскиот претседател исто така сака да ги блокира Финска и Шведска да влезат во НАТО. Претпоставувам дека некои политичари само сакаат да се пазарат и да го добијат она што го сакаат за да се подобри глобалната безбедност. Вреди да се додаде дека хрватската влада (која одлучува и има мнозинство во парламентот) апсолутно е за Финска и Шведска во НАТО“, напиша таа на Твитер.

    Турција вчера го блокираше почетокот на преговорите за прием на двете нордиски земји во НАТО, неколку часа откако тие официјално ги поднесоа своите барања да се приклучат во Алијансата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img