More

    Незначителни се инвестициите во енергетиката и во земјоделството

    spot_img

    Секоја криза претставува и можност. Оваа криза не научи дека мора да се инвестира стратешки, порача премиерот Димитар Ковачевски на економскиот форум „Заматен поглед нанапред: Многубројни неизвесности ги поткопуваат економските изгледи?” што денеска се одржува во Скопје во организација на „Finance Think“.

    Говорејќи за електроенергетскиот систем и за земјоделството, Ковачевски рече дека во изминатите години незначително е инвестирано во енергетиката, а во делот на земјоделството немало стратешки пристап за она што треба да се произведува и не сме успеале како држава да го намалиле увозот на храна.

    – Треба да се поддржува земјоделството. Тоа е стратешка дејност во секоја држава, меѓутоа кога ќе ја погледнеме висината на дадените субвенции и дека тие се даваат на обработени површини, а не на тоа колку имаме производсвто, тогаш доаѓаме до заклучок дека во изминатите 15 години не сме имале стратешки пристап како држава во однос на тоа што сакаме да произведуваме и не сме го намалиле увозто на храна. Оваа криза не научи дека мора да се инвестира стратешки. Затоа е направен нов интервентен фонд, каде клучни за инвестирање се пченката, пченицата, јачменот, сончогледот, овоштарството и сточарството, истакна Ковачевски.

    Од годинава, како што најави, како новина, првично во овоштарството, ќе биде воведена авансна исплата на субвенциите и тоа на принципот 30 проценти пред да започне сезоната и 70 проценти потоа.

    Во делот на енергетиката, Ковачевски посочи дека има јасна слика како ќе се движи домашното производство на електрична енергија. Во втора фаза е проектот Чебрене-Галиште за кој се заинтересирани девет понудувачи, а пред 10-тина дена е пуштена во употреба првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј.

    – Тоа е државна инвестиција помогната со Европската банка за обнова и развој. Тука се планирани и ќе отпочнат со градба уште две од по 50 мегавати фотоволтаични централи коишто ќе бидат изработени по принципот на јавно-приватно партнерство со компании од Турција и Бугарија и уште една 10 мегавати која ќе биде во сопственост на ЕСМ Македонија. Со тоа ќе се замени 120 мегавати работата на Осломеј на јаглен со 120 мегавати од фотоволтаици и тоа е прв пример во Југоисточна Европа – рече Ковачевски.

    Во однос на буџетот, Ковачевски посочи дека тој е ликвиден и непречено се извршуваат сите исплати, а на нула се сведени сите набавки на мебел и автомобили, со исклучок на Канцеларијата на РСМ во Виена бидејќи идната година земјава ќе претседава со ОБСЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img