More

    Негативен е тестот на лицето од Кичево кое денеска беше тестирано од мајмунски сипаници

    spot_img

    Негативен е тестот на лицето од Кичево кое денеска беше тестирано од мајмунски сипаници, изјави вечерва за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

    – Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравје од Битола кој што го води здравствениот надзор – рече Мехмедовиќ.

    Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира.

    Министерството за здравство ја потврди информацијата дека лицето од Кичево е негативно по испитувањето на брисот и увери дека Институто за јавно здравје располага со доволно тестови за мајмунски сипаници.

    „Од Институтот за јавно здравје сме информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници и резултатот е негативен. Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог“, велат од Министерството и додаваат:

    „Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки“.

    Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање, бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но, како што рече, постои можност да се побара здравствен надзор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img