More

    Невозможна е изолација на огромна држава како што е Русија

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска се осврна на влијанието на западните санкции кон Москва, истакнувајќи дека е невозможна целосна изолација на земјата.

    – Нема да се изолираме. Во современиот свет целосно е невозможно кој било стриктно да се изолира и невозможно е да се изолира огромна земја како Русија. Така што ќе работиме со оние партнери кои сакаат да комуницираат – посочи Путин.

    Тој додаде дека Русија ќе ги развива сопствените капацитети за да го замени тоа што претходно можеше да го купи со приходите од продажба на енергенси.

    – Денес нашите офицери учествуваат во специјална воена операција во Донбас, Украина. Тие обезбедуваат помош за народните републики Донбас. Тие покажуваат храброст, дејствуваат на правилен, ефективен и ефикасен начин, користејќи најнапредно оружје – посочи Путин.

    Според него ќе бидат исполнети целите и задачите на специјалната операција во Украина.

    – Главната цел е да им помогнеме на луѓето во Донбас, на народот во Донбас, што го признавме и моравме тоа да го направиме, бидејќи властите во Киев, охрабрени од Западот, одбија да ги спроведат договорите од Минск, насочени кон мирно решавање на проблемите на Донбас – наведе Путин.

    Рускиот претседател посочи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно кажал дека „не сака“ ниту една клаузула од Договорот.

    – Тие тоа јавно го отфрлија. Па, едноставно беше невозможно да се толерира овој геноцид, што траеше осум години – рече рускиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img