More

    На 57-годишна возраст почина Татјана Патиц

    spot_img

    На 57-годишна возраст почина Татјана Патиц, супермоделот кој беше член на славната петорка со Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон.

    Веста за смртта ја потврдил нејзиниот агент, а засега нема информации за причината.

    Татјана беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а ја доби и титулата за најмистериозен модел.

    Имено, таа одлучи да се повлече од јавноста за да се посвети на семејниот живот, па ги презираше деновите на својата најголема слава. Сепак, таа се занимаваше со манекенство до 2019 година, кога чекореше на пистата за брендот „Етро“ во Милано.

     

    – Никогаш не сум ја продала својата душа – изјави таа во интервју во 2020 година.

    Татјана е родена во Германија, а пораснала во Шведска, со манекенство започнала на 17 години. Таа беше на насловните страници на повеќе од 200 најпрестижни списанија.

    Многумина ќе ја паметат од спотот на Џорџ Мајкл за песната „Freedom“.

    Патиц во својата кариера соработуваше со најголемите имиња на модната сцена како Шанел, Версаче, Валентино, Карл Лагерфелд и Вивиен Вествуд.

    Манекенката беше во брак и со претприемачот Џејсон Џонсон од 2009 до 2009 година. Таа има син Јонах, кој го носи нејзиното презиме.

    Последната објава на нејзиниот Инстаграм беше слика од нејзините миленици, Матилда и Гетсби, кои ги обожаваше.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img